
Поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, денеска одговараше на прашања за случувањата од 2017 година.
Пешевски истакна дека не му е познато дека обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски на каков било начин биле поврзани со протестите.
-Протестите беа резултат на случувањата во тој период. Ги организираа разни граѓански здруженија. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваше протстите, но немаше формална партиска одлука за такво нешто – објасни Пешевски.