СЗО: Да не се потрошат жртвите поднесени во 2020-та

Жртвите поднесени поради заштита на луѓето во текот на пандемијата на коронавирусот не смеат да бидат потрошени во текот на празниците, изјави челникот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Тедрос Аданом Гебрејезус во божикната порака.

Милиони поднесоа „жртви кои го раскинуваат срцето“ останувајќи раздвоени од саканите на Божик, рече Тедрос во водо објавата на неговиот акаунт на Twitter ноќта кон петокот. Додаде дека вакцините, кои сега започнува да се применуваат во многу земји, почнуваат да даваат излез од кризата која оваа година го зафати светот.

„Со ближењето на крајот на 2020-та, пандемијата од историски размери ги спречуваат многу од нас да славине онака како што би сакале. Наместо тоа, стотици милиони луѓе денеска поднесуваат гилеми жртви кои го параат срцето останувајќи раздвоени за да останат безбедно. Но притоа ги даваат најдраговените дарови: датовите на житвото и здравјето“, истакна Тедрос.

Новиот коронавирусот усмрти досега најмалку 1,7 милиони луѓе од крајот на ланскиот декември кога Кина прва во светот ги пријави неговото појавување. До денеска рестистрирани се речиси 78,7 милиони заразени луѓе.

„Ширум светот, во теот на овие најтешки години, постојано одново и однови гледаме толку многу луѓе кои се жртвуваат за да се заштитиме и да го сочуваме животот. Не смееме да ги потрошиме нивните жртви, како ни оние кои ги поднеле семејствата кои овој празничен период ќе седат на семејните маси без познатите лица. И покрај толкавите загуби, нѐ обзема голема надеж. Вакцините на светот му нудат излез од оваа трагедија. Но ќе биде потребно време целиот свет да се вакцинира“, рече во продолжение на пораката челникот на СЗО.

Според податоците на СЗО, 61 вакцина влегла во фазата на испитувања врз луѓе, од кои 16 се во финалната фаза од масовно тестирање. Другите 172 кандидат за вакцина се развиваат во лаборатории со цел евентуално да бидат тестирани на луѓе.

„Мораме и натаму да се тешиме со актот дека грижејќи се за другите, низ делата на солидарнот и безбедност, можеме да го споделуваме најголемиот подарок од сите: дарот на живитот“, заклучи Тедрис.