
Легендарниот македонски ракометар Кирил Лазаров е прогласен за најдобар десен бек на деценијата во изборот на реномираниот ракометен портал Handball-Planet.com.
Порталот ги претстави резултатите од изборот за NEXE најдобар играч на деценијата. Жирито било составено од 21 тенер, ракометни легенди и новинари од разни краеви од светот, а се бирал најдобриот на секоја позиција во ракометот.
На позицијата десен бек првото место му припадна на Лазаров со високи 67 проценти од гласовите. Второпласиран е Ласло Наѓ кој озвоил 23 отсто од гласовите. Третото место му припадна на Алекс Душебаев со 10 проценти освоени гласови.
За најдобар ракометар на деценијата е прогласен Никола Карабатиќ.