
Најмалку десет алпинисти загинале а уште најмалку двајца се водат како исчезнати во планините северно од иранската престолнина Техеран по големите снежби лавини, а во друга несреќа се води потрага по седум членови на екипаж на брод зафатен од силна бура, пренесуваат иранските медиуми.
Во Иран се затворени бројни патни правци поради обилните снежни врнежи и силните ветрови во делови од земјата во изминатите неколку дена. На професионалните и аматерските алпинистички клубови деновиве им било советивано викендов да не преземаат искачувања поради опасните временски услови, но очигледно некои од нив не ги почитувал предупредувањата и се упатиле во планините, пренесува агенцијата Fars.
Смртоносни несреќи биле пријавени на популарните планински патеки Точал, Колакчал и Дарабад. На планинскиот венец Алборз, кој е познат по обилните зимски врнежи од снег, се лицирани најдобрите скијачки центри на Блискиот исток. Скијачкиот ресор Точал, кој е најблиску до Техеран и е посетуван од бројни странски туриски, е во функција речиси осум месеци во годината,
Девет лица загинале на планината, а уште едно лице починало откако било хоспитализирано, соопшти претставникот на иранската Црвена полумесечина, Мехди Валупур.
Според иранската државна телевизија IRIB, како исчезнати се водат вкупно најмалку седум планинари и алпинисти во земјата.
Алпинистите биле заробени во планините од петокот, по неколкудневните обилни снежни врнежи кои предизвикале лавини на популарните алпинистички и планинарски патеки северно од Техеран. Во петокот биле пријавени други два смртни случаи.
Во друг инцидент, ирански поморски служби трагаат по седум членови на екипаж на ирански брод кој во петокот се провртел во водите на Персискиот залив, објави новинската агенција ISNA.
„Се обидуваме да ги пронајдеме исчезнатите со мобилизацина на сите наши објекти и сили и ги известуваме бродовите во минување и спасувачките центри во Оман, Обединетите Емирати и Пакистан“, изјви Есмаил Маккизадех, заменик на шефот на иранското регионално поморско тело.