
Во касарната „Илинден” во Скопје денеска ќе биде отворено новотo заедничко стрелиште на Армијата и на Министерството за внатрешни работи.
Стрелиштето ќе го користат припадниците на Единицата за специјални задачи (ЕСЗ) на МВР и специјалните единици на Армијата на Република Северна Македонија.
Според МВР, со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за работа на ЕСЗ и ќе се подигне нивото на нивната подготвеност. Изградбата на стрелиштето е придобивка и од економски аспект, бидејќи Министерството ќе заштеди значителни финансиски средства кои досега беа потребни за секојдневно транспортирање на припадниците до други стрелишта.