
Извршниот директор на компанијата АстраЗенека, која ја произведува оксфордската вакцина против Ковид-19, Паскал Соријо изјави дека вакцината е ефикасна и против новиот вид на Ковид-19 откриен во Велика Британија.
Тој посочи дека вакцината на АстраЗенека би требало да биде ефикасна против новиот вид на Ковид-19 што се појави и во Шпанија, Шведска, Канада и други држави.
Соријо во интервју за „Сандеј тајмс“ истакна дека е потребно дополнително тестирање на ефикасноста на оваа вакцина, но најави оти е откриена „добитна формула“ што може да ја унапреди ефикасноста.
Владата на Велика Британија нарача 100 милиони дози вакцини од АстраЗенека, а до крајот на март треба да бидат испопрачани околу 40 милиони дози.
(МИА)