
Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон им забрани на своите играчи да одат во набавка на најосновните продукти во супермаркети, поради страв од зараза со коронавирусот, пренесуваат британските медиуми.
„Во клубот имаме луѓе кои ќе пазарат за играчите. Мораме да избегнеме секаков ризик од зараза, особено сега кога се појави новиот сој на коронавирусот. Ние немаме голем играчки ростер и не можеме да си дозволиме да загубиме кој и да е од играчите поради коронавирусот. Затоа секој ден им зборуваме дека нема опуштање и дека мора да бидат внимателни“, изјави менаџерот на Вулверхемптон, Нуњо Еспирито Санто.
Во делови од Англија, каде што има повисок број заразени, засилено е тестирањето во клубовите од Премиер лигата, па сега фудбалерите мораат двапати во седмицата задолжително да бидат тестирани на коронавирусот.
Во петокот вечерта Манчестер Сити објави дека двајца негови играчи, Габриел Жезус и Кајли Вокер, се позитивни на коронавирусот.