
Земјотресот со јачина од 5.2 степени според Рихтер, кој рано утрово ја погоди Хрватска, го почувствувала и актерката Јелена Јованова, која живее во Загреб.
Таа на социјалните мрежи напиша дека само 60 секунди ѝ биле потребни за да се облече и да истрча надвор.
„За 60 секунди бев облечена и веќе надвор. Минатиот пат ми требаа 180. Напредок. Браво јас. Значи доста е. Доста. Ние, добро сме. Фала ви луѓе“, вели Јованова, која во март се соочи со иста ваква ситуација, кога Загреб го погоди силен земјотрес, а таа беше бремена со синот Јаков.
Јелена е позната по улогата на Јелена од Драчево во македонската ТВ серија „Преспав“.