Пронајдено телото на мажот исчезнат во неделата во Дренска Река

Пронајдено е телото на мажот кој во неделата исчезна во Дренска Река, потврдила локалната полиција, но засега од таму не можат да дадат повеќе детали за случајот.

Медицинска екипа на лице место треба да ја утврди состојбата.

Мештанин на селото Дрен за МИА рекол дека цела вечер полиција, мештани и други луѓе учествувале во потрагата по течението на реката.

„Дренска Река вчера многу надојде наеднаш. Човекот бил уште со двајца други. Сакале да ја поминат реката со џипот. Реката го завлекла џипот. Другите двајца се спасиле’, раскажал еден од ретките жители на селото за МИА.