ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју во Централниот дневник на ТВ Сител, вели дека ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори и формирање на влада на национално единство, бидејќи
како што изјави тој на власта и се случувала апсолутна катастрофа.

-ВМРО-ДПМНЕ веќе бара предвремени избори. Нашиот план е во три чекори. Првиот чекор е владата да поднесе оставка, вториот чекор е да се формира влада на национално единство или за национален спас која што би ги собрала најголемите умови во Македонија и која што би имала поддршка од сите политички партии со цел да ја извадат државата од здравствената и економска криза.  Тоа мислам со една добра работа доколку сега работат може да го направат до месеците април, мај и веднаш после тоа да се оди на предвремени парламентари избори на кои што Македонија ќе добие нова политичка влада, а јас сум убеден предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што апсолутна катастрофа во моментот и се случува на власта, комбинирана во два дела. Од еден дел имаат голем економски пад затоа што овие средства кои што фалат и за кои што се позајмуваат очигледно е дека не знаат како да ги изменаџираат, а од друга страна мора да ги исполнуваат политички договори односно мора да задоволуваат апетити на коалиционите партнери, нагласи тој.

Николоски, рече дека нема потреба од блокада во Собранието, затоа што оној кој што има 61 пратеник е тој кој што го диктира мнозинството. Така што доколку се соберат 61 пратеник кој што се спремни да ја срушат власта е многу едноставно.

-Еве најдобар пример за таа работа е што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за потпретседателот на Владата, Никола Димитров, претседателот на собранието не ја става на дневен ред, прва работа и втора работа координаторот на пратеничката група на СДСМ рече дека кога ќе дојде на дневен ред СДСМ воопшто физички нема да присуствува на таа интерпелација што само покажува дека се свесни дека е возможно да го изгубат мнозинството во собрание затоа што да е обратно, утре би ја ставиле на дневен ред, изјави Николоски.