
Попис ќе има идната година во април бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата. Пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери, напиша вечерва премирот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
– Пописот, како статистичка операција, според највисоките стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика кој за пилот фазата ги доби највисоките оценки. Нашите граѓани чекаат попис речиси две децении, оваа шанса нема да ја пропуштиме. Сѐ е подготвено, а развој е можен само со точни статистички податоци, наведува Заев во статусот на Фејсбук.