Мицкоски: Постојано сум мета на валкана кампања диригирана од СДСМ, па ако сум толку небитен зошто тогаш ме атакуваат, зошто знаат дека со мене нема договор за криминал

Во вечерашното издание на дебатната емисија Прашањето ми е следно" на порталот Инфомакс, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за здравствената криза, економскиот колапс и лошите политики на
Владата.

Мицкоски потенцираше дека веќе неколку години, а последната година интензивно е мета на медиумски напади кон него и неговото семејство, што доволно кажува за тоа каква власт ја води Република Македонија изминатите речиси четири години.

Тој додаде дека Зоран Заев иако навикнал да разговара со лидери на партии нудејќи бизнис зделки и криминали за да ги остави на мира, сепак Мицкоски не е човекот кој ќе подаде рака за криминално дејание, како што тоа со задоволство го прави Заев. Низ медиумите шират теза дека Мицкоски е тотално небитен, лидер со мала поддршка, човек кој не разбира политика итн. Па зошто тогаш толку трошат енергија на Мицкоски и да се омаловажи неговиот лик? Зарем толку им бодам во очите? Тоа што секојдневно се опседнати со мене и моето работење, укажува на фактот дека јас и ВМРО-ДПМНЕ сме на вистинскиот пат и дека на Заев му останува уште многу малку од премиерскиот мандат, додаде Мицкоски.

Во изминатите триесет години не се памети дека некој лидер во опозиција бил предмет на толкави напади од медиумите, но и директно од политичарите на власт. Ова е прв пат да се случи партија на власт која што во Владата има свој премиер, да го напаѓа лидерот и да му се заканува на него и на неговото семејство, само за да ја задржи владеачката моќ, но и на тоа ќе му дојде крајот, заврши Мицкоски.