
Денеска по повод Новогодишните и Божиќните празници Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Берово во соработка со ресторан Мис Стон Смојмирово на дечињата од Малешевијата им подели околу 300 новогодишни пакетчиња.
Пакетчињата кои требаше да бидат доделени од ресторан Мис Стон на ООУ “Дедо Иљо Малешевски” Берово, поради не согласување со градоначалникот околу начинот на донирањето, иако беа спазени сите мерки за заштита од пандемијата, денеска истите беа дистрибуирани преку мрежата на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Берово до дечињата од приградските населби, градот и до социјално ранливите категории.Дечињата беа пресреќни и за нив од утре почнуваа зимскиот распуст.
Родителите беа воодушевени од гестот, како што и самите велат децата најмногу се радуваат на дедо Мраз и доаѓањето на Новата година, а со тоа и подароците кои доаѓаат од бабите и дедовците, тетките и стрините со кои ги разгалуваат своите најмили.
Сепак, новогодишните пакетчиња стигнаа на вистинското место, а со тоа сопствениците на ресторан Мис Стон им ја честитаа Новата Година на дечињата им им посакаа многу успеси во 2021год и што побрзо да се врати животот во нормалниот тек,па и во училиштата.