
Владата на Хрватска го прогласи 2 јануари за ден на жалост поради жртвите во земјотресот што вчера ја погоди земјата.
Како што соопшти премиерот, Андреј Пленковиќ, за прогласувањето ден на жалост биле информирани претседателот на државата и парламентот.
На почетокот на седницата имало едноминутно молчење во чест на настраданите.
Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, досега се потврдени седум загинати лица, а десетици се повредени.