Потребен е реален, а не политички попис

Првиот човек на Македонската академија на наука и уметноста Љупчо Коцарев во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа, вели дека за креирање на економските политики на Македонија е потребен реален попис на населението, а не попис кој ќе биде политички обременет.

За креирање на економските политики нас ни треба вистински попис на населението, а не попис кој ќе биде политички обременет, вели Коцарев.