ОВЕН
Работа: Во целост сте посветени на обврските и се трудите што повеќе да одработите.
Љубов: Емотивно сте задоволни. Новата година ја почнувате во добро расположение и во друштво со саканата личност.
Здравје: Стабилно здравје.
БИК
Работа: Полни сте со енергија и обврските ги одработувате на одговорен и брз начин.
Љубов: Задоволен сте од односот со партнерот. Имате изненадување за него и со нетрпение чекате да ја видите неговата реакција.
Здравје: Бубрезите се чувствителни.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Немате никаква концентрација и ги оставате работите. Со нетрпение го чекате крајот на работното време.
Љубов: Слободното време го посветувате на саканата личност. Влегувате во новата година емотивно задоволни.
Здравје: Ограничете го внесот на храна.
РАК
Работа: Работата не ве интересира, а не сте ни сконцентрирани. Одработувате некои рутински работи за да излезе дека нешто работите.
Љубов: Слободното време го посветувате на семејството. Уживате затоа што, конечно, сите сте на едно место.
Здравје: Наклонети сте кон прејадување.
ЛАВ
Работа: Работите без прекин, а често гледате на часовникот. Со нетрпение чекате да завршите со обврските и да се посветите на саканата личност.
Љубов: Подготвувате изненадување на партнерката и со нетрпение чекате да ја видите нејзината реакција.
Здравје: Болки во коските.
ДЕВИЦА
Работа: Одработувате рутински работи. Се што бара повеќе време и концетрација го оставате за друг ден.
Љубов: Се посветувате на семејството. Многу ви се важни моментите да сте сите заедно во опуштена атмосфера.
Здравје: Проблеми со циркулацијата.
Работа: Целосно сте незаинтересирани за обврски. Размислувате за организација на прослави, облека, храна, проверувате да не сте пропуштиле нешто.
Љубов: Во целост се посветувате на брачниот партнер.
Здравје: Проблеми со бешиката или бубрезите.
ШКОРПИЈА
Работа: Одработувате мали работни обврски. Се што бара повеќе време и труд, го одложувате.
Љубов: Саканата личност сега ви е најважна. Го посветувате целото слободно време.
Здравје: Кожата е чувствителна.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Енергични сте и завршувате многу работни обврски. Опуштени сте и духовити и носите добра енергија меѓу соработниците.
Љубов: Планирате интимен дочек на Новата година со саканата личност.
Здравје: Гледајте да не претерате со храна.
ЈАРЕЦ
Работа: Воопшто не размислувате за прослава на Нова година. Фокусирани сте на работни обврски и ги работите со полна пареа.
Љубов: Слободното време го минувате со блиска личност во домашна атмосфера.
Здравје: Одлично здравје.
ВОДОЛИЈА
Работа: Концетрацијата е никаква. Работата не ве интересира и одработувате некои обврски, додека во суштина чекате да заврши работното време.
Љубов: Уживате во односот со партнерот, му покажувате љубов и колку ви значи.
Здравје: Ограничете го внесувањето на храна.
РИБИ
Работа: Вие сте една од ретките личности која е фокусирана на обврските.
Љубов: Слободното време го посветувате на саканата личност. Другата страна се погрижила за романтична атмосфера. Исполнети сте.
Здравје: Добро се чувствувате.