
Бројни се реакциите во јавноста која ги предизвика вчерашната собраниска конверзација меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев околу наводен договор меѓу двете партии да се одземат гласови од наголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, во кои се бара одговор од опозициционерот.
Ова препукување се надоврза на одговорот на Христијан Мицкоски во интервју на прашањето дали опозицијата, вклучително и Левица, може да соработува за да издејствува предвремени парламентарни избори и соборување на актуелната власт, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Апасеив сѐ уште не одговорил или го избегнува неговиот повик за средбата на којашто би можела да се координира активноста на опозицијата.
Станува збор, меѓу другото, и шпекулациите коишто сѐ уште остануваат без одговор дека Левица со актуелниот градоначалник на скопската општина Центар, Саша Богдановиќ, негова поддршка за кандидатура за позицјата на локалните избори следната година, доколку неговата матична партија СДСМ не го поддржи.
Како што за НетПрес претходно брифираа извори од СДСМ, наводно партијата планира во Центар да ја кандидира Сања Лукаревска, бидејќи таа наводно подобро котирала меѓу жителите на оваа скопска оопштина отколку Богдановиќ на кој во тој случај би му било понудено позиција во дипломатијата.
„Ликов со #малок*ре нема одговор на прашањето за соработката со СДС⁉️
Но затоа има навреди и плукање кон ВМРО-ДПМНЕ и медиумите.
Ку*ре, лидер не се станува со навреди кон опозицијата кога треба да се руши режимот. Но мал си кога ќе пораснеш ќе разбереш што е ВМРО ❤️
p.s.
Ова не е тактика бе брат, ова е #лаженлик #лаженпатриот
Фејсбук статус на Марија Петрушевска