СЗО ја издаде првата итна дозвола за вакцината на „Pfizer/BioNTech“

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во четвртокот го издаде првото итно одобрување од почетокот на пандемијата на коронавирусот за вакцината на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“, со што треба да се олесни процесот за државите кои сакаат што поскоро да ја користат соопшти оваа агенција при Обединетите нации.

„Ова е извонредно важен чекор во гарантирањето на универзалнито пристап до вакцинитие против Covid-19“, изјави др Маријанхела Шимао, директорка на одделот на СЗО за пристап до лековите.

Оваа постaпкa, којашто СЗО може да ја применува во итни случаи, им овозможува на државите кои нужно не располагаат со средствата за брзо утврдување на ефикасноста и безбедноста на некој лек, побрз пристап до терапијата.

Истовремено ова одобрување им овозможува на УНИЦЕФ, агенцијата при ОН задолжена за важен дел од дистрибуцијата на вакцините против Covid-19 ширум светот и на Панамериканската здраваствена организација купување на вакцините кои ќе се дистрибуираат и во сирмашните земји, се наведува во соопштението за јавноста.

Вакцината на „Pfizer/BioNTech“ веќе неколку седмица се користи во Обединетото Кралство во САД, во Европската унија и во Швајцарија, но по првичното одушевување и славење на почетокот на справувањето со пандемијата, следеа информации за забавување на кампањата на имунизација во споменатите земји.

Досега со оваа вакцина се вакцинирани само неколку милиони луѓе, иако станува збор за простор од речиси милијарда жители. Се проценува дека неговата ефикасност е 95 отсто, но покрај највисоката цена од сите слични препарати, вакцината на „Pfizer/BioNTech“ има уште една отежнувачка карактеристика а тоа е дека треба да биде чувана на температура од дури минус 80 Целзиусови степени, услови за складирање и дистрибуција кои многу малку земји во светот може да ги обезбедат.