
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес објави фотографии од своето искачување на Петлец, Малешевски Планини.
„Во 1906 година на ова место згаснува животот на еден од основачите на организацијата Дамјан Груев, идеолог, борец, револуционер, организатор на борбата за слобода на Македонија.
Неговата борба е наш долг, за кого, ако не за Македонија“ – посочи тој.
Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, исто така денес беа излезени во природа.
Но, не отидоа на прошетка, туку дојдоа со своите скапи мотори.
„Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко.
Денеска денот е за дружење со децата. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица“ – напиша Филипче на својот Фејсбук профил.