
Иран ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) дека планира во својата постројка во Фордоу да го зголеми збогатувањето на ураниумот на 20 отсто, што значи на нивото пред договорот скучен во 2015 година со светските сили, соопшти оваа агенција на Обединетите нации во петокот.
Ова известување е последното во низата најави на Техеран за суспендирање на некои од своите одредби од споменатиот нуклеарен договор од Виена, од кој во мај 2018 година САД отстапија и ги воведоа повторно строгите санкции против Иран.
Иранската влада повеќепати изминатите две години бараше од европските потписнички на договорот, Велика Британија, Франција и Германија како претставник на Европската унија да се погрижат да го намалат влијаението на американските санкции врз тешко погодената иранска економија, откако бројните големи европски компании поради стравот од одмазда од Вашингтон ги повлекоа своите инвестиции во иранското стопанство.
Така во ноември 2019 година Иран пушти во функција 30 нови центрифуги од типот IR-6 за збогатување ураниум и значително го зголеми производството на нискозбогатен ураниум. Со договорот се ограничува збогатувањето на ураниумот на 3,67 отсто, што е погодно за цивилно производство на енергија и далеку под прагот од 90 отсто за производство на нуклеарно оружје. Нуклеарените инспектори на ОН известија во мај 2019-та дека Иран збогатил ураниум на 4,5 отсто.
Техеран сега може да го надмине нивото од 20 отсто, што е значителен скок и ниво од кое лесно може да се дојде до критичното ниво од 90 отсто, но досега наведуваше дека „во моментов за тоа нема потреба“.
Зголемувањето на нивото и количеството на збогатен ураниум е дек од законот кој во ноември 2020 година го донесе иранскиот парламент по атентатот на воедечкиот нуклеарен физичар крај Техеран, за што Иран ги обвини САД и Израел откако се обелодени дека убиството е изведено со сателитски наведувано оружје кое било претходно оставен на патот.
„Иран ја извести агенцијата дека согласно законот кој неодамна го донесе парламентот (….) ќе го зголеми нивото на збогатување на ураниумот на 20 отсто во постројката во Фордоу“, се наведува во соопштението на IAEA.