
Според последните податоци, причинетата штета по земјотресот во Хрватска изнесува над 400 милиони евра, а оштетени се речиси девет илјади објекти.
Продолжуваат санациите и им се помага на загрозените. Пожарникарите дневно вршат санации на околу 200 куќи.
Голем број граѓани денови и ноќи и понатаму минуваат на отворено на ниските температури.
Црвениот крст соопшти дека преку нивната банкарска сметка за помош досега се донирани над 4,7 милиони евра.
Се поставуваат мобилни и камп-куќички, како и контејнери, за кои и понатаму постои огромна потреба.