
Околу два милиона дози на вакцини развиени од Универзитетите во Оксфорд и АстраЗенека ќе се доставуваат неделно до средината на јануари во Велика Британија, објави Тајмс.
Два милиона вакцини ќе бидат готови следната недела, а планот е да се забрза нивното производство.
Велика Британија ја одобри вакцината во средата, а премиерот Борис Џонсон побара 100 милиони дози според договорот со „АстраЗенека“.