
Дваесет скопјани на возраст од 19 до 48 години заработија кривиччни пријави за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Тие како туристи се групирале во хотелска соба во Крушево, иако биле предупредени од персоналот дека тоа е забрането. Тие влегле и во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното.
„На 19 септември 2020, пријавените биле во една соба во хотел во Крушево, иако биле предупредени од страна на персоналот на хотелот да не се групираат и да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Истиот ден, тие влегле во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното, спротивно на протоколот според кој дозволено е присуство на максимум шест лица во базен“,
соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Кривичната пријава е поднесена против И.Г. (42), Д.В.(42), З.Б.(29), М.А.(33) В.М.(36), Е.С.(32), Д.Т.(27), С.Н.(19), Н.М.(26), С.М.(36), М.Ц.(36), М.М.(48), А.К.(34), С.К.(36), Б.Г.(38), А.Н.(40), Г.С.(36), В.Д.(36), М.К.(36) и М.Д.(43).