(ВИДЕО) Почина изведувачот на химната на Ливерпул

Гери Марсден, која ја отпеа „You’ll never walk alone“, неповторливата химна на славниот англиски клуб Ливерпул, почина во неделата во 78-та година, пренесуваат медиумите.

„Со голема тага дознаваме за смртта на Гери Марсден. Зборовите на Гери засекогаш ќе ни се врежат во сеќавањата. Никогаш нема да чекорип сам“, објави Ливепрул на својот профил на Twitter.

Марсден е роден во Ливепрул, а бил фронтмен на бендот Gerry And The Pacemakers, кој во 1960-те години го обработи хитот „Никогаш нема да чекориш сам“ кој изворно го напишале 1945 година американските композитори Ричард Родџерс и Оскар Хамерстајн за филмот „Карусел“.

Верзијата на Gerry And The Pacemakers навивачите на Ливепрул ја прифатија како своја од 1963 одина и стана една од најпознатите фудбалски химни. Но и други клубови, како Селтик, Феенорд и Борусија Дортмунд, исто така, на своите натпревари ја емитуваат оваа нумера.

Марсден повторно ја сними оваа песна во април 2020 година како почест кој службениците на Националната здравствена служба (NHS) на Обединетото Кралство во текот на пандемијата на коронавирусот.

https://news.sky.com/video/gerry-marsden-leads-an-emotional-youll-never-walk-alone-at-hillsborough-service-12178683