
„Глобал“ гореше, штетите се огромни, а на терен храбрите пожарникари со натчовечки напори се справуваа со пожарот. И нивната работа ќе беше полесна, ако Заев наместо мотори за него од 30.000 евра купеше противпожарни возила за Струмица, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Во истиот ден кога беше пожарот, Заев и Филипче со пет мотори во вредност од над 150.000 евра дивееја по Беласица. Со 150.000 евра се купуваат две противпожарни возила, и се обештетуваат 15 бизниси со по 10.000 евра. Доколку Заев сакаше да покаже солидарност тоа можеше да го стори, но наместо за народот, Заев се расфрла со скапи и луксузни работи. Кому му е гајле што ‘Глобал’ нема противпожарен систем и хидрантска мрежа, важно Заеви имаат мотори од 150.000 евра“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму истакнуваат дека владата требало уште на првата седница да исплати обештетување за засегнатите и оштетени субјекти а не штетата да се покрива од донации.