Холандија последна во ЕУ започна со вакцинирањето против коронавирусот

Во средата Холандија стана последната земја членка на Европската унија која започна да ги вакцинира своите граѓани против коронавирусот.

Првото лице кое ја прими вакцината е медицинската сестра во дом за стари лица во Вегел, на југоистокот од Холандија. Приоритетната група во земјата се задравствените работници.

Меѓутоа, центрите за вакцинирање ширум државата веројатно нема да бидат во функција пред следната седмица.

Холандската влада реши да разработи стратегија за вакцинирањето набрзи откако беше критикувана поради пребавното дејствување на овој план. Другите земји членки на ЕУ, имено, започнаа со вакцинирањето на 27-ми декември.

Холандскиот премиер Марк Руте призна дека се направени грешки, и оти владата требало подобро да се подготви за постапката за масовно вакцинирање. Околу 280.000 дози од вакцината на „Pfizer/BioNTech“ пристигнале во земјата и тие веќе можеа да бидат искористени.