
Манчестер јунајтед официјално има нов играч, крилото кое доаѓа од Брегот на Слоновата коска, Амад Диало. Трансферот беше завршен уште порано, поточно во октомври за 21 милион евра, и уште до 20 милиони како бонуси.
Диало досега беше дел од Аталанта, а со „црвените ѓаволи“ потпиша договор до јуни 2025 година со можност истиот да биде продолжен на уште една година. Оваа сезона настапи двапати за првиот тим на Аталанта, и во двата како замена во домашни натпревари.
Имаше 13 минути против Верона во италијанската Серија А на 28 ноември и во Лигата на шампионите неколку дена подоцна против Митјиланд од Данска.
18-годишниот играч кој редовно настапуваше во младите категории на италијанската екипа, за сениорскиот состав севкупно забележа пет настапи, со еден гол на неговото деби против Удинезе во октомври 2019 година.