Почина фудбалерот кој доживеа срцев удар среде меч во Португалија

Почина фудбалерот кој последните неколку дена се бореше за неговиот живот. Бразилецот Алекс Аполинарио падна на тревата за време на фудбалски натпревар, а причината беше срцевиот удар кој го доживеа. Неговите соиграчи и противници се обидоа да му помогнат, тој беше итно пренесен во болница.

Третолигашот Алверка за кој играше Бразилецот денеска објави дека нивниот играч починал.

– Со големо жалење ја информираме јавноста за информациите што ги добивме од болницата. Алекс Сандро дос Сантос Аполинарио (24) почина утрово – се наведува во клупското соопштение.