
Немирите и насилството не се патот кон поцврста демократија, туку начин на нејзино подривање. Информациите од Вашингтон се загрижувачки, но во исто време сме и убедени дека ќе победи демократијата, слободата и правото, велат од ВМРО-ДПМНЕ по настаните во Вашингтон.
Единствено ваквите настани им одат во прилог на оние кои создаваат поделби, не посакуваат единство кај народот, и кои зад завесата на немилите инциденти извлекуваат лична корист. Насилството не е патот кон поцврста демократија, велат од партијата во својата објана на социјалната мрежа на Твитер.