Пелоси со армијата сака да му ги одземе на Трамп „нуклеарните шифри“ и предвреме да си замине од Белата куќа

Лидерката на демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во петокот разговарала со претставници на американската армија за тоа како да се спречи „неурамнотежениот претседател“ Доналд Трамп да ги користи „нуклеарните шифри“, заканувајќи се дека ќе преземе чекори во Конгресот доколку тој не си оди предвреме од власта.

„Утрово телефонски разговарав со началникот на американскиот главен штаб Марк Мили за тоа штп моеж да се стори за нестабилениот претседате да не поттикне воени судири или да пристапи до шифрите за лансирање и нареди нуклеарен напад“, напиша Пелоси во писмо до колегите пратеници во Претставничкиот дом.

„Ситауцијата со овој неурамнотежен претседател не може да биде поопасна“, додава Пелоси, најавувајќи дека Конгресот ќе преземе чекори доколку Трамп „брзо и доброволно“ не си замине од Белата куќа, без да наведе за какви чекори станува збор. Трамп треба должноста да му ја препушти на Бајден на 20-ти јануари.

Портпаролот на генералот Марк Мили, полковникот Дејв Батлер, ја потврдил за AFP информацијата за телеофонскиот разговор со Ненси Пелоси.

Пелоси „му се јави на началниот на главниот штаб. Одговори на нејзините прашања за нуклеарниот команден синџир“, рекол Батлер без да навлегува во поединости од разговорот.

Како и во многу другу земји, и во САД претседателот е и врховен командант на вооружените сили. Може да издаде наредба за активирање на нуклеарните шифри на началникот на стратешката команда кој ја пренесува до нуклеарните бази, доколку наредбата е легална.

Доналд Трамп, 45-от претседател на САД, на 20-ти јануари треба да отстапи од должноста во полза на новоизбраниот претседател Џо Бајден, но Ненси Пелоси неразбирливо поради што изјави во четвртокто дека преостанатите денови од инаугурацијата на новиот претседател може да се претворат во „филм на стравот и ужасот за Америка“.

Пелоси во четвртокот го обвини Трамп дека „поттикнувал на вооружен бунт против Америка“ и го повика неговиот потрпетседател Мајк Пенс да се повика на 25-от амандман од Уставот и да го смени Трамп од власта. Во спротивно Конгресот би „можел да ја почне постапката за отповикување (импичмент)“, додаде претседателката на Претставничкиот дом, која е на функција да започен таква постапка.

Според овој амандман, дколку потпретседателот Мајк Пенс и мнозинството државни секретари во кабинетот го прогласта неспособен Доналд Трамп да ја извршува претседателската должност, Пенс автоматски станува вршител на должностата претседател, а случајот оди во Конгресот. Потпретседателот дејствува како претседател во целото време на разгледувањето, дури и доколку законодваците доцнат со носењето на одлуката.

„Сѐ уште се надеваме дека што поскоро е можно ќе ни дадете потврден одговор. Ако претседателот брзо и доброволни не заниен од должноста, Конгресот ќе преземе чекори“, наведува Пелоси во писмото од петокот.

Во меѓуврме објавено е дека демократите имаат намера на 11-ти јануари да поднесат импичмент за Трамп, но републиканците го одбија тоа дека тоа може да го згоелми расколот во земјата.

„Најавата за импичмент за претседателот кому му преостануваат само 12 дена, само уште повеќе ќе ја подели земјата. Денеска контрактиврав со новоизбраниот претседател Бајден и планирам да разговарам со него за тоа како треба да работиме заедно за да ја намалиме вжештената атмосфера, и да ја обединиме нашта земјата за да одговориме на предизвиците кои стојат пред Америка“, напиша на Twitter лидерот на републиканците во Претставничкиот дом, Кевин Маккарти.