Вирусот во Лондон е надвор од контрола

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан денеска изјави дека ковид-19 е „надвор од контрола“ во главниот град на Велика Британија.

– Се плашам дека овој вирус е надвор од контрола – изјави Кан и додаде дека лондонските болници може да останат без бесплатни кревети.

Кан за Би-Би-Си изјави дека во некои делови на Лондон, секој 20-ти човек е заразен со ковид-19.

Градоначалникот им порача на граѓаните на Лондон дека најдобриот начин да им се помогне на здравствените служби е да останат дома.

Кан денеска прогласи вонредна состојба во Лондон, град што се бори со се поголем број случаи на Ковид-19, додека болниците се обидуваат да се справат со големиот прилив на пациенти.