Франција го помести почетокот на полицискиот час од 18 часот и во други департмани

Фрацуцските здравствени власти кои се соочуваат со заканата од позаразниот нов сој на коронавирусот, одлучија во саботата да го продолжи траењето на полицискиот час во уште осум департмани, но локалните пратеници се незадоволни со дополнителното заострување на мерките проблематизирајќи ја нивната ефикасност.

Премиерот Жан Кастекс во текот на посетата во Тарбес на југозападот на Фрација, објави дека почетокот на полицискиот час се повлекува на 18 часот во уште осум департмани, залагајќи се за „тешките, но неопходно потребните мерки“ во услови на „епидемијата која не стивнува, па дури и брзо се шири во некои делови на територијата“ на земјата.

Буше-ду-Рон, департманот чиј центар е Марсеј вториот по големина француски град, од недела ќе биде ставен на листата територии во кои се проширува траењето на полицискиот час.

„Оваа одлука првенствено се оправдува со откривањето на поголема група семејства во департманот со сојот на мутацијата на коронавирусот кој потекна од Велика Британија“, напиша во соопштението префектот на департманот, Кристоф Мирман. Од 46 лица кои биле во контакт со вирусот, 21 биле позитивни на тестирањето.

Овие департмани им се придружуваат на петнаесетината депармани, повеќето на истокот на Франција, за кои уште минатата седмица беше прогласена оваа мерка, а во остатокот од земјата полицискиот час започнува во 20 часот.

Локалните избрани функционери, меѓу кои и претедателот на здружението на градоначалниците Воклус, на југот на земајта Жан-Франсоа Ловисоло изразија сомневање во ефикасноста на мерките.

„Се сомневаме во ефикасноста на овие мерки на здравствен план во приградските и во селските обласи на департманите. Во 18 часот ризичните жители се веќе во своите домови, а дуќаните, рестораните кои продаваа храна за носење, бензиските пумпи и пекарниците се доведуваат во незгодна ситуација“, изјавил Лависоло за AFP.

Француската влада смета дека ширењето на епидемијата претходно забавило благодарејќи на полицискиот час кој првпат беше воведен кон крајот на октомври. Но, сепак, тоа не го спречи воведувањето на вториот карантин, оценуваат критичарите.

Во меѓувреме во саботата се спроведуваше масовно тестирање во Бањез, во околината на Париз, каде едно лице било позитивнот на британската варијанта на коронaвирусот.

По откривањето на жариштето во Буше-ду-Рон, сега со новиот сој на коронавирусот во Франција се заразени вкупно 40 лица, а уште три лица се заразени со сојот на вирусот кој почна да се шири од Јужноафриканската Република.

Од вторникот бројот на новите позитивни случаи се движи по околу 20.000 на ден и француската агенција за јавно здравство прдупредува на „јасниот раст на бројот на потврдените случаи“ во последната седмица од 2020 година, односно 96.743 случаи, или зголемување од 17 отсто.