
Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од сведоци, без да бидат приложени документи како доказ/
Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа.
Предлог-законот за државјанство кој го поднесоа албанските опозициски Алијанса за Албанците и Алтернатива при крајот на минатата година.
Предлогот предвидува оној што бара македонско државјанство, ќе треба да обезбеди изјави од три лица што ќе сведочат дека барателот живеел на територијата на Македонија до 8 септември 1991 година или, пак, изјава на само едно лице што во тој период било жител или сѐ уште живее во местото во кое живеел барателот.
Претходно, Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи и лидер на Демократскиот сојуз кој е во коалиција со владејачката СДСМ, предупреди дека идејата за предлогот за стекнување на државјанство на овој начин потекнува од намерата со македонско државјанство да се стекнат над 70.000 лица, што би влиајело врз промена на демографската слика во земјата.