
Во последните 24 часа во Македонија со направени 2.953 тестирања на коронавирусот потврдени се нови 556 нови случаи на заразатра, од кои 270 се на територијата на главниот град Скопје, а бројот на починати од компликации предизвикани во врска со вирусот се зголеми за 22 лица, соопшти во саботата вечерта министерството за здравство.
Вкупниот број случаи на зараза со короанвирусот од почетокот на епидемијата изнесува 86.150, а на починатите се зголеми на високи 2.614. Досега оздравеле 67.164 заразени, а бројот на активните случаи изнесува 16.372.
Во Скопје од почетокот на пандемијата досега според официјалните податоци забележани се 37.326, од кои во моментив активни се 10.017 случаи.
Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74г), еден од Куманово (77г), еден од Дебар (68г), еден од Штип (81г), еден од Битола (69г), двајца пациенти од Охрид (47 и 76г), еден од Кавадарци (48г), двајца од Гостивар (79 и 64г), двајца од Крива Паланка (81 и 79г) и еден пациент од Кичево (63г). Од нив пет пациенти се починати вон, а другите се починати во болнички услови. Притоа, од министерството наведуваат дека денеска се евидентираат 10 починати со датум на смрт од претходните денови.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 37326, активни 10017
• Куманово 4865, активни 474
• Дебар 673, активни 127
• Штип 3368, активни 185
• Прилеп 4346, активни 374
• Тетово 4860, активни 715
• Струга 2086, активни 227
• Велес 2854, активни 388
• Битола 3106, активни 405
• Охрид 2543, активни 429
• Кавадарци 2255, активни 469
• Гостивар 3456, активни 443
• Гевгелија 1208, активни 214 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2382, активни 435
• Крива Паланка 665, активни 104
• Радовиш 644, активни 71
• Крушево 169, активни 18
• Кочани 1653, активни 181
• Пробиштип 460, активни 33
• Демир Хисар 239, активни 30
• Македонски Брод 227, активни 13
• Пехчево 165, активни 24
• Берово 543, активни 75
• Валандово 318, активни 37
• Виница 460, активни 60
• Делчево 681, активни 202 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 200, активни 15
• Свети Николе 1050, активни 66
• Кичево 1612, активни 184
• Ресен 665, активни 114
• Неготино 1071, активни 243 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)