Зголемена довербата меѓу Македонија и Грција во 2020 година

Факт е дека е зајакната довербата меѓу Грција и Македонија, рече министерот за надворешни работи на Грција на почетокот на јуни во интервјуто за весникот „Етнос“, а веројатно оваа изјава на Никос Дендиас би можела да биде главната карактеристика за односите меѓу двете земји во 2020 година.

Пандемијата не ги прекина врските и односите меѓу Македонија и Грција, можеби претставуваше пречка во одредени области, но од друга страна беше причина за поинтензивна комуникација во однос на справувањето со коронавирусот и последиците од здравствената криза.

Минатата година, анализира дописничката на МИА од Атина, ја одбележа прва посета на премиер од Македонија на Атина, поинтензивна комуникација за соработка, особено во енергетиката, отворен канал на комуникација меѓу министрите за здравство на двете земји, но и континуираното изразување поддршка од грчка страна за европската перспектива на Македонија.

Единствената „црна дамка“ во односите меѓу двете земји е прекинатиот туризам и неможноста, нашите државјани да ја посетат Грција, со оглед на тоа дека копнените граници се затворени од средината на март, од кога е во сила и одлуката за забрана за влез на државјани од трети земји.

Односите со Турција и случувањата на Еврос од една страна, пандемијата со Ковид-19, од друга страна, но и ставот дека Грција ги почитува договорите што како земја ги потпишала, резултираа Договорот од Преспа повеќе и да не е тема на дискусии кај јужниот сосед.

Во медиумите во Грција  ретко постојат анализи или коментари, а решението меѓу двете земји го отвори каналот на комуникација меѓу Скопје и Атина, нешто што се покажа и за време на пандемијата.

Изборите кај нас беа проследени од медиумите, меѓутоа не со истиот интерес како претходно, додека пак Ципрас му честиташе на Заев за победата на изборите, а портпаролот на грчката Влада рече дека нивните очекувања се да се продолжи со „добра соработка со новата Влада на Македонија“.

Соработката и комуникација продолжи и на највисоко ниво.

Во периодот кога пандемијата во Грција стивна, кусо пред почетокот на вториот бран, премиерот на Македонија ја прифати поканата за учеството на конференцијата на „24-та тркалезна маса со грчката Влада“ организирана од „Економист“ и на 16 и 17 септември, и престојуваше во Атина во придружба на заменик- претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи,