
Според американското Национално здружение на филмските критичари, драмата „Земја на номадите“ (Nomandland) на Клои Жао е најзначајниот филм во штотуку изминатата 2020 година, пренесува The Los Angeles Times.
Филмот го потврдува својот триумф и во другите номинации. Жао е прогласена за најдобар режисер, а добитникот на два Оскари, Франсис Медкдорманд е прголасена за најуспешна во номинацијата најдобра актерка.
Мекдорманд ја толкува улогата на безработната Ферн, која е принудена да талка низ земјата со својот фургон во потрага по засолниште и заработувачка.
Сценариото за остваруањето на Клои Жао е базирано на книгата на новинарката Џесика Брудер „Земјата на номадите: Да се преживее Америка во XXI век“.
Во септември минтата година „Земјата на номадите“ го освои престижниот Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција.
Награди за актерски признанија добија и Делрој Линдо за „Петмина од иста крв“, Марија Накалова во „Борат 2’“ и Пол Рејси за најдибра машка улога во „Звукот на метал“. Елиза Хитмен е авторот на најдоброто сценарио за драмата „Никогап, ретко, понекогаш, секогаш“. Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е романскиот „Колектив“, а најдобар документарен филм е „Времето“ на Гарет Бредли.