На 95 години почина Ненси Елис, сестрата на Џорџ Буш постариот

President George H W Bush hides behind his sister, Nancy Ellis, as he prepares for a jog along the C&O canal in the Georgetown section of Washington on Jan. 7, 1990. Bush was ducking questions from the media about the U.S. Navy operation off the coast of Colombia. (AP Photo/Marcy Nighswander)

Родената сестра на 41-от американски претседател Џорџ В. Буш постариот (1924-2018), Ненси Елис Буш која беше единствената личност од семејството која наклонуваше кон демократите, починала на 95-годишна возраст од компликации предизвикани од заразата со коронавирусот, соопшти во неделата The New York Times повикувајќи се на нејзиниот син.

Според информацијата, сестрата на Буш постариот и тетката на Џорџ Буш помладиот, кој беше американски претседател од 2001 до 2009 година, починала во неделата во дом за стари лица во сојузната дрќава Масачусетс. Весникот потсетува дека на 30-ти декември била хоспитализирана со температура, а дека со тестирање било потврдено дека е заразена со коронавирусот.

Синот на Ненси Елис Буш истакнал дека причина за смртта биле компликации предизвикани од заразата со коронавирусот. Појаснил дека последните денови нејзината сотојба била значително влошена.

Сестрата на Џорџ Буш постариот, родена на 4-ти февруари 1926 година, е едно од петте деца во семејството и единствената ќерка. Долго време таа се декларираше себеси како приврзаник на либералната демократија, а на Републиканската партија ѝ се приклучи дури во 1988 година, кога Буш постариот се кандидираше за претседател. Потоа таа беше активно ангажирана во кампањата за поддршка на нејзиниот брат, а подоцна и во кампањата на нејзиниот внук. Со сопругот Александер Елис, кој почина во 1989 година, имаа четири деца.

Буш постариот почина на 30-ти ноември 2018 година, исто така на 95-годишна возраст, откако последните години од животот страдаше од Паркинсонова болест.

Остана запаметен по дури седумте самити со последниот советски челник Михаил Горбачов и со првиот руски претседател Борис Елцин, а резултат на тие средби беа двата договори за намалување и ограничување на стратешките офанзивни оружја познати како СТАРТ-1 и СТАРТ-2.

Буш постариот зад себе остави пет деца, 17 внуци и осум правнуци. Неговиот син Џорџ В. Буш помладиот стана 43-от американски претседател, а другот син Џеб Буш беше гувернер на сојузната држава Флорида и имаше неуспешен обид за освојување на републиканската претседателска номинација во 2016 година.