Словенија пријави 752 новозаразени и 25 починати од коронавирусот

Во Словенија во последните 24 часа со намален број тестирања потврдени се 752 нови случаи на зараза и уште 25 смртни исходи како последица од компликациите кои ги предизвикува коронавирусот, соопшти на Twitter во неделата словенечкото министерство за здравство.

Со спроведени 2.669 PCR тестови потврдени се 667 зарази, што значи дека 25 отсто од наодите биле позитивни, а со 2.492 брзи антигенски тестови се потврдени уште 85 коронаинфекции, со 3,4 отсто позитивни резултати.

Бројот на активните случаи на заразата во моментов во Словенија изнесува 24.408. Во болниците во моментов се згрижеи 1.143 пациенти со Covid-19, 17 помалку отколку ден претходно, од кои 202 се на одделите за интензивна нега.

Со починатите во последните 24 часа, вкупниот број фатални исходи од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.973 лица.

Досега во Словенија со вакцината на „Pfizer/BioNTech“ се вакцинирани малку повеќе од 20.000 луѓе, стари лица во домовите и вреботени во тие институции, како и здравтвени работници во боолниците, а владата објави дека земјата во првите два месеца од годинава ќе добие уште 26.000 дози од вакцината на „Moderna“, нарачани преку Европската комисија.