
Птичјиот грип забрзано се шири низ Индија, седум сојузни држави веќе ги потврдиле слуачите на зарази, а другите ги очекуваат резултатите од тестирањата додека и се преземаат мерки за сузбивање на птичјиот грип, соопштија во неделата индиските власти.
Последната сојузна дражава којашто ја потврди појавата на птичјиот грип е Утар Прадеш каде што е затворена зоолошката градина во градот Канпур откако угинале четири диви кокошки и два папагала. Во саботата вечерта биле потврдено дека биле позитивни на вирости, изјавил за медиумите Р.П. Мишра, шеф на ветеринарната служба во округот.
„Во постапка сме на усмртување на сите птиоци во сите оградени простори, а зоолошката градина е прогласена за затворена зона. Тоа е жално, но ги следиме протоколите“, рекол Мишра.
Примероците од мртви врани од други региони на Утар Прадеш се испратени во лабораторијата во градот Бопал.
Птичји грип пријавиле и државите Керала, Раџастан, Медја Прадеш, Химачал Прадеш, Харјана и Гуџарат. Меѓу угинатите птици се домашна живина, врани, гулаби, фазани и преселни птици.
Во Харјана и Мадја Прадеш се усмртуваат домашните кокошки, а во Керала домапните патки. Пазарите и продавниците кои продаваат живина се затворни на една седмица во седумм градови во Мадја Прадеш.
Птичјиот грип главно ги погаѓа домашната живина и дивите птици, но може да се заразат и луѓето кои биле во близок контакт со заболените птици.