
Ракометната репрезентација на Македонија сепак ќе учествува на Светското првенство кое од утре ќе се одржува во Египет.
Светската ракометна федерација ја постави Македонија за прва резерва, а откако денеска Чешка и официјално го откажа настапот поради премногуте позитивни случаи на коронавирус, избраниците на селекторот Данило Брестовац, сепак ќе настапат на Мундијалот во Египет.
Ракометарите беа во исчекување на оваа одлука и бидејќи го имаа статусот на прва резерва, тие се тестираа на коронавирус и резултатите беа негативни.
Македонија на СП отвара против Шведска
Натпревари од групната фаза:
14 јануари – 20:30 часот – Шведска – Македонија
16 јануари – 18:00 часот – Египет – Македонија
18 јануари – 15:30 часот – Македонија – Чиле