
Со новиот начин на работа, СДСМ за првпат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем, велат од партијата, додавајќи дека по спроведената системска евалуација, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во координација со генералниот секретар Љупчо Николовски и ракодовството на партијата, назначија претседатели на 10 општински организации на СДСМ:
Во Гостивар за претседател на Општинската организација на СДСМ е избран Станиша Матески.
Во Новаци – Наумче Смилевски
Во Желино – Аднан Демири
Во Росоман – Анета Јоновска Љубенова
Во Сопиште – Далибор Богдановски
Во Ѓорче Петров- Костадин Ацевски
Во Демир Хисар – Николче Димитријовски
Во Јегуновце – Александар Стефановиќ
Во Студеничани – Елвира Мелиќ
-СДСМ победува и се менува и затоа довербата и поддршката од граѓаните постојано растат. А расте и мрежата на СДСМ. Веќе се формирани нови општински организации на СДСМ во општините Желино и Липково. Со тоа СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата, се вели во соопштението од партијата.
Додаваат дека СДСМ е партија којашто е блиска до граѓаните и работи во интерес на граѓаните.
-Партија која постојано се менува, унапредува и прераснува во отворена, максимално демократска, модерна, разнолика, партија која за прв пат воведува нови концепти и нов начини на функционирање и делување, велат од СДСМ.