(ВИДЕО/ФОТО) По 25 години проговори љубовникот на принцезата Дијана!

Хаснат Кан, кого принцезата Дијана на пријателите им го опишала како љубов на нејзиниот живот, ја отворил душата после 25 години молк. Точно толку поминало од контроверзното интервју што принцезата го дала за Би-Би-Си, а Хаснат тврди дека познатата ТВ-компанија тогаш манипулирала со Лејди Ди, која потоа починала предвреме.

Поранешната љубов на Дијана Спенсер, кардиологот Хаснат Кан, ретко зборувал за неговата врска со покојната принцеза, но по 25. години молк, почувствувал потреба да предупреди на неправдата за која верува дека и е сторена на Дијана. Имено, славниот доктор за прв пат зборувал за познатото интервју на Би-Би-Си за „Панорама“, во кое принцезата Дајана му ја отворила душата на угледниот новинар Мартин Башир пред милиони гледачи.
Кан, кој двегодишната љубовна врска со Дијана ја започнал во 1995 година, и пред таа официјално да се разведе од принцот Чарлс, тврди дека за време на тоа интервју, новинарот Башир манипулирал и ја користел Лејди Ди.
„Една од нејзините најатрактивни особини беше ранливоста. Затоа јавноста беше толку привлечена од Дијана. Подоцна сфатив дека Мартин ја нацелил токму нејзината ранливост и ја искористил“, рекол Кан.

„Трикот беше дека Башир е од Би-Би-Си, тој беше угледен, па дури и многу побожен. Но тој и ја наполни главата со ѓубре“, изјавил Кан за „Дејли“ за новинарот од позната телевизиска станица, кој исто така бил обвинет за фалсификување документи со цел да обезбеди разговор со прерано починатата принцеза.

Според овој кардиолог, Башир ја убедил Дијана дека принцот Чарлс имал афера со дадилката на неговите синови, Тиги Леџ-Бурк, што, според него, ја направило принцезата параноична.
Инаку, Кан го запознал Башир во паб во друштво на принцезата Дајана, а од првата средба бил доста сомничав кон него. Тој се обидел да ја предупреди принцезата да биде внимателна.