
Актуелната политичка состојба во земјата и рекиотно, перспективите на Македонија и земјите од западен Балкан во интегративните процеси во Европската унија, биле меѓу темите на коишто во петокот дискутирале потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции и словенчкиот амбасадор во Скопје, Милан Предан.
Амбасадорот Предан, како што инфомираше Николоски по средбара, апелирал на континуирано спроведување на реформите во државата како клучен услов за побрза интеграција во ЕУ.
Притоа словенечкиот дипломат информирал дека проширувањето на Европската унија ќе биде приоритет на словенечкото претседателството со Унијата кое Словенија го презема од 1-ви јули 2021 година
Николоски, како претседател на Националниот совет за евроинтеграции, го запознал амбасадорот Предaн со надлежностите и составот на Советот за евроинтеграции, со улогата која ја има Советот во процесот на пристапување кон ЕУ, како и со активностите на Советот во периодот кој следи.