
Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 21 часот го лишиле од слобода 55-годишниот тетовец С.И., чиј угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале десет гости.
Лицето е задржано во Полициската станица – Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, согласно член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.
Угостителскиот објект, информираат од МВР, е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.