
Гувернерот на Бартин, Синан Гунер, изјави дека од вкупно 13 члена на рускиот товарен брод, петмина се спасени а двајца морнари биле пронајдени мртви.
Од руската Амбасада во Анкара за Тасс изјавија дека дипломатите работат на утврдување на судбината на екипажот, а причината за несреќата засега е непозната.