
Капитенот Кирил Лазаров оцени денеска дека македонските ракометари треба да заборават на двата убедливи порази на отворањето на Мундијалот во Египет и целосно да се фокусираат на утрешниот решавачки натпревар за пласман во следната фаза против Чиле.
– Нашата главна цел овде е пласман вo втората рунда и пред нас сега е решавачкиот натпревар против Чиле. Тоа е нашата шанса да ја постигнеме целта. Секако дека не сме задоволни од тоа што досега го одигравме, бидејќи претрпевме убедливи порази од Шведска и Египет. Сега треба да смениме нешто во нашите глави и добро да се подготвиме за дуелот со Чиле, изјави Лазаров.
Мечот се игра утре од 15:30 часот, а победникот, заедно со Египет и Шведска, ќе обезбеди пласман во следната фаза од групата Г.