
На 17 јануари 2021 во 13.20 часот било пријавено дека на автопатот Демир Капија-Неготино, кај наплатна станица Демир Капија, товарно возило удрило во кабина за наплата на патарина, по што го напуштило местото на незгодата.
Извршен бил увид од Полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот.