
Вчера во 18.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Ц.(18), И.Ц.(19) и М.С.(41), сите од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, стои во соопштението од МВР.
При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.