
Во 19-то коло на англиската Премиер лиа, Арсенал во понеделникот на своето игралиште со сигурни 3:0 го совлада Њукасл Јунајтед.
Со оваа победа „Топчиите“ по најслабиот старт на сезоната во речиси четири децении, ја продолжија серијата позитивни резултати во последните пет кола во кои впишаа четири победи и едно реми.
Двоен стрелец за Арсенал беше Пјер-Емерик Обамејанг, во 55 и 70, а еден погодок постигна Букајпо Сака во 60 минута.
Арсенал сега со 19 бодови успеа да дојде до 10-та позиција на табелата, а Њукасл Јунајтед остана 15-ти со 19 бодови.