Притвор за сопственикот на белградска актерска школа за сексуално злоставување

На сопственикот и директор на актерска школа во Белград, Мирослав Алексиќ, му е одреден 30-дневен притвор, поради тоа што неколку поранешни ученички го обвинија за силување, сексуално злоставување и блудни дејствија.

Судија на претходна постапка на Вишот суд во Белград, на Алескиќ му одреди притвор поради можно влијаени врз сведоците и повторување на кривичното делои, но и врз основа на фактот дека за тие дела е пропишана казна затвор подолга од 10 години.

Обвинувањата за Мирослав Алексиќ ги покрена актерката Милена Радуловиќ, а ѝ се приклучија уште неколку актерки, поранешни посетителки на школата за актерство и негови ученички, кои ќе сведочат дека биле жртви на сексуално злоставување и силување во периодот од 2008 до 2020 година, во време кога биле малолетни но и подоцна, што за полицијата беше доволна причина да го уапси.

Радуловиќ и друите девојки добија голема поддршка од јавноста и на социјалните мрежи. Алексиќ на сослушувањето ги негирал обвинувањата, но Обвинтелството побара 30-дневен притвор и најави дека спроведување истрага, но дека извесно време нема да се изјаснува во јавноста.

Имајќи ја предвид тежината на кривичните дела, а собено и тоа што се сторени кон малолетни лица, обвинителството укажа на „законската обврска на сите учесници во постапката да не ги изнесуваат фактот кои ќе ги дознаа в текот на постапката“, имајќи го предвид интересот на оштетните „кои треба да бидат испитувани во истрагата“.

„Во овој момент нема да излегуваме во јавноста со поединости од самата постапка“, порача Белградското обвинителство.

Мирослав Мика Алескиќ е филмски режисер, продуцент и сценарист, актер и педагог кој имаше големо реноме во српската јавност. Низ работилниците на неговата школа за глума минале повеќе од 3.000 млади лица.

По пријавата од страна на Милена Радуловиќ и уште неколку белградскит актерки, четири актерки од сараевската Академија за сценски уметност покренаа група на Facebook под наслов „Не барав“, охрабрувајќи на пријавување на слични искуства во регионот.

По ова на социјалните мрежи започна споделување на слични исповеди, а сараевската академија, според тамошните медиуми, и формално ги повикала своите студентки доколку имале слично искуство на сексуално вознемирување да јават на правната служба на Академијата.